(Видео) Пол Вокер во новиот трејлер на „Брзи и бесни“

Во  трејлерот за новото продолжение на „Брзи и бесни“ го има и глумецот Пол Вокер кој почина во 2013 година во автомобилска несреќа. Делот со него е видео од петтото продолжение од франшизата од 2011 година, а снимката досега никогаш не била користена, рече режисерот Луис Летериер.

Доаде и дека Вокер нема да се појави во ниту една од сцените во сегашно време.

„Брајан е жив во светот на „Брзи и бесни“ и ќе го видиме во деветиот дел. Планирано е да имаме сцени кои ќе не вратат назад и ќе го видиме Брајан во минатото, но не и сегашноста. Тоа е нешто со кое ќе мора да се соочиме. Семејството Вокер и понатаму во голема мера е дел од оваа франшиза. Мислам дека она што Џејмс Ван го направи на крајот на седмиот дел беше совршено. Брајан мора повторно да влезе во франшизата еднакво совршено како што и ја напушти“, рече Летериер за gamesradar.com.

За потсетување, во новото продолжение глуми и Џејсон Момоа кој сака да му се одмазди на главниот лик Доминик Дом Торето, кој го глуми Вин Дизел. Торето со тимот ќе украдат голема сума пари од татко му.

Scroll to Top