Поп пејачката Ноне Неделковска денес слави роденден. Таа со кармин на огледало напиша дека полни 34 години, па видеото го сподели на социјалните мрежи. По ова следеа честитки од нејзините фанови.
Ноне, една од победничките на “Макфест“ е во Македонија, иако претходно повеќе од осум години работеше на брод. Овој пат, наместо на брод, роденденот е дома во нејзината соба. За животот на брод, вели дека има поразлично темпо од вообичаеното и дека секој ден и започнува во некој друг град и со различни обврски на кои е навикната години наназад.