(Видео) Пред јубилејниот концерт, ДНК има нова песна

Дуото ДНК ја промовираа нивната нова песна „Романи“ , со што е и последен сингл, со кој го затвораат албумот насловен “Дваесет”.

„Се надеваме дека ќе ви се допадне, и многумина од вас ќе ја посветат на своите сакани. Се гледаме на концерт на 3.12 во арената “Борис Трајковски” а во меѓувреме преслушајте ја, научете ја и дојдете спремни на концерт“, рекоа ДНК.

Музиката е на Панчо и Лазар Цветковски, текстот на Панчо, а аранжманот и бек вокалот се на Лазар Цветковски.  Спотот го снимаше Даниел Јовески.

Во спотот се појавува моделот Ана Парлапанова.

Scroll to Top