Танчерот Мајкл Дамески, кого светската јавност го запозна преку шоуто World of Dance, во 2007 година настапи на детскиот фестивал „Златно славејче“. Тогаш 12-годишниот Мајкл ја испеа песната „Еден танц“. Снимката од неговиот настап деновиве се споделува на социјалните мрежи.
22-годишниот Мајкл е роден во Сиднеј, а по потекло е Македонец. Неговите родители се од Прилеп, но се преселиле во Австралија пред неговото раѓање. Мајкл е танчер и актер. Настапувал во неколку мјузикли, меѓу кои и популарниот „Били Елиот.
Претходните недели Мајкл се натпреваруваше во танц-шоуто на Џенифер Лопез и во финалето го освои второто место. „Можеби не освоив милион долари, но освоив милион срца“, напиша тој на својот „Инстаграм“ по завршувањето на натпреварот.