(Видео) „Со кого заспиваш” – Дарко Андонов објави спот за новата песна

Дарко Андонов a.k.a. ДААН, го објави видео-спотот за песната „Со кого заспиваш“.

Автор на музиката и текстот е Кире Јакимов, а аранжманот е на Андонов.

„Во однос на видео записот, целта беше да се долови самата порака од текстот на песната, односно да се отслика приказната во видео кои ќе одговара на целата нумера, за да може крајниот слушател/гледач како аудио така и визуелно да ја почувствува енергијата. Идеата за видео записот е моја, а го работевме заедно со Дарко Димитриевски кој всушност беше задолжен и за самото снимање и едитирање на видеото и генерално мислам дека ја доловивме приказната во едно симпатично видео“, вели Андонов.

Спотот е снимен на неколку локации во центарот на Скопје.

Scroll to Top