(Видео) Рок-бендот „Реприза“ промовира нова песна

By

Рок-бендот од Ресен „Реприза“ вчера ја промовираше нивната втора авторска песна, „Иста слика“. На песната им гостува младата пејачка Ангела. Песната е снимена во студиото „Подрумот“, а момците од бендот се автори на текстот и на музиката. Видеото го сними Пеце Здравковски, а во него се појавува актерот Хари Михајловски.

Момците првата песна ја промовираа во август оваа година, „Засукај ракави“ и велат дека имале позитивни реакции од публиката, што ги поттикнало за кратко време да снимат и втора песна.

Ќе ви се допадне