Пејачката Сања Цинцева – Барбика деновиве ја објави новата песна „Доказ“, која е на српски. Иако беше планирано да се сними видео, поради пандемијата, снимањето го одложи, па за рефренот изработи lyric видео.
„Почитувани пријатели и обожаватели, со вас ја споделувам мојата нова песна ‘Доказ’. Оваа тема подолг период е готова, но чекав соодветен момент за да направиме добар спот. Поради ситуацијата предизвикана од Ковид-19, не се направи добра можност за добар спот, па затоа решив во ова лошо време да ја промовирам без видео сè со цел да ве расположам и да ви ги оттргнам мислите од негативни работи“, вели Сања на социјалните мрежи. Песната е од српските композитори Марко Дрежњак и Драган Стрелиќ.