(Видео) Сама и секси – Јованка Житарова ѝ се врати на музиката

Фолкпејачката Јованка Житарова, која сега има уметничко име Јова, по една деценија пауза, се враќа на сцена со новата песна „Сама своја среќа“. Автори на песните се Робет Билбилов, кој ги направи музиката и аранжманот, во чие студио е и снимена, а текстот е на Ксенија Николова.

„По 10 години пауза, решив да ѝ се варатам на мојата најголема љубов – музиката, но со сосема нешто поинакво од она што порано го правев. Со песни во модерен и актуелен стил. Со Роберт, како колеги од факултет, се најдовме на иста бранова должина и се роди ‘Сама своја среќа’. Ова е само почеток на нашата соработка. Ова не значи дека јас сум ја заборавила старата македонска убава песна, секако, корените не смеат да се заборават, но решив да направам чекор напред, да пробам нешто сосема поинакво. Се надевам дека песната ќе ѝ се допадне на публиката, особено на припадничките на понежниот пол бидејќи ова е порака за нив“, вели Житарова, која сега има уметничко име Јова.

Спот е снимен во продукцијата „Зонде“ на браната Козјак. Во него таа е претставена како слободна, сама и среќна жена.

„Презадоволна сум од спотот, го долови точно она што го чувствувам. Дека на човек најважно од сè му е личната среќа“, додава таа.

Scroll to Top