(Видео) Санаториум со „Параноја“ се враќа на сцената

Македонскиот култен треш-состав Sanatorium се враќа на сцената со нова песна насловена „Параноја“. Моќна, брза и енергична, онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив.

Новата композиција на Sanatorium е во целост авторско дело на членовите на бендот Перо Стефановски, Горан Атанасов, Горан Станковиќ, Бобан Василески и Константин Качев. Во снимањето на „Параноја“ учествуваа Бобан Василески, Александар Стефановски и Дарко Дарковски, а миксот и мастерингот се на Александрос Крисидис. Видео продукцијата е на тапанарот Горан Атанасов.

Scroll to Top