(Видео) Сара Гигова ја промовираше својата прва песна „Ладно лето“

Младата пејачка Сара Гигова ја објави својата прва песна „Ладно лето“. Автори се Лазар и Магдалена Цветкоски, а видеото го сними режисерот Ѓорѓи Вацев. Спотот го снимија на Преспанското езеро, а Сара вели дека е презадоволна од сработеното.

„Јас сум презадоволна од целиот производ. Сите знаат што имаат досега создадено Лазар и Ена и многу лесно ја донесов одлуката да работам со нив. „Ладно лето“ е одлична песна во модерен ритам и искрено се надевам дека публиката ќе ја прифати. Исто така задоволна сум и од спотот, бидејќи Ѓорѓи навистина се потруди да го добијам тоа што го замислував. Се надевам дека публиката ќе ужива и ќе ме мотивира да продолжам да создавам уште многу музика“, изјави Сара.

 

Scroll to Top