Хармоникашот Војче Петрушев од групата „Маестро“ се ожени викендов за својата долгогодишна девојка Моника Петрушевска. Свадба правеа во познат скопски ресторан, а меѓу гостите, освен семејството и пријателите, беа и многу колеги на Војче од естрадата.
Младенците го одиграа првиот танц додека им пееја Александар Митевски и Драган Спасов – Дац. За микрофонот потоа се фатија уште неколку пејачи. На хармоника во текот на вечерта засвире и младоженецот, па гостите велат дека тогаш свадбата била највесела.
Публиката го запозна Војче како еден од хармоникашите во оркестарот на Милан Завков. Тој со години свири и во популарната емисија „Зајди зајди“.