(Видео) Селска велигденска идила за семејството на Сара и Димитар: во село Лупште им дојде магаре на гости

Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски, заедно со семејството за велигденските празници заминаа на село.

Пејачката сподели како уживаат во прошетките на селото Лупште, Самков каде што имаат и куќа. Играа жмурка со нивната ќерка Илина, кампуваа во шатор со синот Кирил, а Димитар се погрижил за топлата атмосфера во домот. Водителот цепи древа додека сопругата го снима.

Сара се пофали и со велигденските јајца вапцани во повеќе бои.

За време на престојот во село Лупште семејството имало посета од необичен гостин. Станува збор за магаре кое се појавило пред нивната врата. Додека Илина му се радува, Димитар го храни со загорени кифли.

 

Scroll to Top