Невена, Наум и Калина Нешкоски, Македонци кои живеат во САД, создадоа уште една химна за поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која вчера пристигна во Букурешт и наскоро ќе настапува на Европското првенство.
По „Одиме на Европско првенство“ од ВИС „Рисови“ и „Македонија на Европско“ на ДНК со дел од македонската естрада, сега е објавена и третата навивачка песна насловена како „Але але Македонија“.
Музика и продукција се на Невена Нешкоска, стиховите ги напишаа Невена Нешкоска, Наум Нешкоски и Калина Нешкоска, додека миксот и мастерингот ги изработила Ребека Марти. За потребите на песната е снимен и видеозапис.