(Видео) Симона Поповска се разголе во новиот спот

Поп-пејачката Симона Поповска денеска го промовира видеоспотот за својата најнова песна „Ти си моја победа“. Спотот во режија на Андреј Ѓоргиевски е снимен е на три локации: на плажа во Охрид, на Галичица и во Скопје. Роберт Билбилов е комплетен автор на песната, која од пред еден месец се пушта на радиостаниците во земјава.

„Драги мои, со многу труд и љубов го изработивме ова дело! Нешто поразлично и слатко. Благодарност до Роберт Билбилов, кој е заслужен за заразните мелодии“, напиша, меѓу другото, Симона на својот фејсбук-профил.

Нејзините обожаватели ѝ напишаа дека песната е преубава и дека ќе биде вистински хит. На Симона, пак, ѝ дадоа комплименти за изгледот: „Секси како и секогаш“, „Жешка си како летото“, стои во дел од коментарите.

Пејачката неодамна најави и дека наскоро ќе сними уште една песна и спот, овој пат со Ерик Фокс. Двојката веќе неколку години соработува заедно во проектот „Саунд месинџерс“. Тие често настапуваат во дискотеки и кафулиња низ Македонија.

Scroll to Top