(Видео) Симона Живковска зборува македонски во холивудскиот филм на Скарлет Јохансон

Актерката Симона Живковска зборува македонски во новиот филм на Скарлет Јохансон, „Црната вдовица“. Филмот ќе има премиера на 9 јули, а Симона објави кратко видео од филмот на својот „Инстаграм“.

„Остана уште малку! Не можам да дочекам да го видите ова! Новина е и дека зборувам на мојот мајчин јазик – македонски“, напиша Симона.

Симона, по татко Македонка, а по мајка Британка, е родена во Скопје на 24 јуни 1994 година. Во 2001 година се преселила во Велика Британија со родителите, каде што ја почнала актерската кариера. Таа досега глумела во ТВ-серијата Devils и се појавила во повеќе кратки филмови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Zivkovska (@simonazivkovska)

Scroll to Top