(Видео) Синот на Тања и Новица стана полнолетен: Полна кафеана гости за роденденот на Петар

Петар, постариот син на фолк-пејачите Тања Лазаревска и Новица Василевски наполни 18 години. Полнолетството го прослави во кафеана во Мелбурн, каде што семејството живее неколку години. Меѓу гостите беше и мајката на Тања, која пред неколку месеци дојде во Австралија.

Тања се пофали дека си поминале супер на роденденот. Неколку пати преку Фејсбук се вклучи во живо од прославата, а објави и неколку слики и видеа на нејзиниот профил. Гостите играа ора и се забавуваа додека таа и Новица им пееја.

„Славиме полнолетство на нашиот Петар. Да си ни жив и здрав“, напиша таа, а пријателите ја пофалија дека направила преубава веселба за синот.

Scroll to Top