(Видео) Смеење, дремење и многу љубов: зад камерите на „Преспав“ во шестата сезона

Неодамна заврши шестата сезона од популарната серија „Преспав“, која и овојпат успеа да ги насмее фановите. Фотографката Маја Аргакијева успеала да ги фати актерите во најразлични пози и ситуации, па така некои од нив се сликани додека одмараат и фаќаат попладневна дремка, додека другите се забавуваат и ги засмејуваат оние околу нив. Некои од фотографиите се направени за време на снимањето на новогодишната епизода, додека останатите се по случаен избор од различни епизоди.

Продукцијата „ОХО“ на официјалната страна на серијата на Фејсбук, објави дел од она што се случувало зад камерите додека се снимала шестата сезона

„Преспав зад камерите е приказна полна љубов, смеа, пријателство, неизмерно вложување и мотивација“, напишаа тие.

За потсетување, серијата во 2019 почна да се емитува и во Бугарија, откако познатата бугарска актерка Јана Маринова ја глумеше Преслава во третата сезона од познатиот ситком. Лани главниот продуцент Пеце Талески се пофали дека серијата успеала за кратко време да доживее огромен успех.

Scroll to Top