Мартинијан Кириловски, кој во регионот стана познат по учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, сними нова песна на српски јазик, „Оквир преваре“. Песната ја промовираше преку јутјуб-каналот на „Гранд“.
„Оквир преваре“ ја работеа македонски автори – музиката и текстот се на Видан Караѓурковски, а аранжманот е на Иле Спасев. Мартинијан сними и спот за песната чиј режисер е Даниел Јовески.
За потсетување, Мартинијан се натпреваруваше пред две години во балканското музичко шоу и беше еден од милениците и на публиката и на жирито.