Помеѓу многуте турнеи и настапи ширум светот каде што има Македонци, Ѓоко Јовиќ успеа да најде време да сними нова песна. Ѓоко и овојпат довербата за најновата песна ја довери на тимот Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишани и на неговиот претходен албум „Корени“ кој беше промовиран во 2018 година. Новата песна на Јовиќ вчера беше објавена на музичките платформи, како и на сите социјални мрежи. Носи наслов „Незаборавна“.
Новиот албум се работи под полна пареа, а следната песна треба да пристигне веќе наредниот месец.
„Веќе неколку песни се готови од новиот албум. Името не би го открил сега, тоа најверојатно ќе го решиме со Лазе и Ена. Во последно време сум многу повеќе во нивното студио и работиме на новите песни. Не би сакал да откривам сега многу детали, но ве уверувам дека ова што допрва ќе слушате ќе биде најдоброто од мене“, вели Јовиќ.
За „Незаборавна, Ѓоко сними и видеопот на една од неговите турнеи во Австралија, од каде се врати неодамна заедно со неговите „Енерџи бенд.
Ѓоко и неговиот бенд ги очекува „жешко лето“, со оглед на закажаните настапи во земјава, Европа и прекуокеанските земји, но тој вети дека и покрај набиената агенда ќе најде и ќе има време за нов музички материјал за неговата публика.