Џез-музичарот Владимир Четкар сними спот за инструменталната песна Joyride. Видеото е снимено на неколку локации во Охрид, во режија на Борче Димовски. Песната е дел од неговиот трет студиски албум, наречен Going Home. Новиот албум на Четкар ќе биде издаден во март од страна на P-Vine, една од најпознатите јапонски и светски музички куќи. По промоцијата во Јапонија, албумот ќе биде промовиран во Македонија, Америка и во уште неколку европски земји.
„Joyride е снимана вo њујоршките студија The Bunker Studio и Cowboy Technical Services, а мастерингот е работан во Лондон во Carvery Mastering. Горд сум на сето она што го направив изминатите месеци. Интересно е и тоа што песната Come With Me, со која го најавив овој албум, секојдневно се пушта на многу радиостаници во Јапонија“, рече Четкар.