Популарниот белгиски готвач Марк де Јонг, познат и како шеф Марк од „Брза кујна“, викендов се ожени со неговата долгогодишна девојка Василка Димовска. Со зурли и тапани, и само во друштво на најблиските роднини и пријатели, тие направија свадба во винаријата „Камник“.
Невестата избра бел фустан со тантела, а популарниот готвач на свадбата носеше класичен костум со сина кошула.
На свадбата беа и синот и ќерката на шеф Марк, кои живеат во Белгија.