(Видео) Спасен Силјаноски направи џумбуш на свадбата на Бомбакис: „Ќе ти дојдам“ ја пееше и младо и старо

Фолк-пејачот Спасен Силјаноски беше специјален гостин на свадбата на Бомбакис. Бендот кој свиреше на свадбата го најави пејачот, а присутните гости со аплауз го пречекаа.

Тој го отпеа хитот „Ќе ти дојдам“ на што гостите во хор пееа и играа со него. Дел од гостите му пријдоа да се поздрават со пејачот и да го бакнат.

Бомбакис и неговата девојка Вики направија свадба во саботата. Тој преку неговиот Инстаграм профил ја најави свадбата со натпис на картон „Ете мајко решив да се женам“.

Бомбакис со музика дома и македонска песна ја започна свадбената журка, која продолжи додека со другарите одеше по невестата. Со факели во боја, направија шоу среде булеварот Јане Сандански во Аеродром, со паркирани автомобили на едната лента, оро и развиорено македонско знаме.

Scroll to Top