(Видео) Српскиот рапер Газда Паја ги бендиса Слаткар и „Два Бона“

Популарниот јутјубер Стефан Лазаров ја почна новата сезона на „карпул караоке“, во кое ќе гостуваат најпознатите јавни личности од земјава и соседството.

Прв гостин во новата сезона му беше познатиот српски рапер Газда Паја. Двајцата разговараа за музиката, за плановите во иднина, познанството со „Два Бона“ и Слаткар. Раперот откри и кое му е омилено македонско јадење.

„Два Бона и Слаткар ги знам многу одамна, од 2012 година. Тие се преталентирани момци. На почеток публиката не ги препозна, но затоа пак сега се легенди. Ги обожавам“, рече Газда Паја.

Scroll to Top