(Видео) Стефан Спироски со „Љубов моја“ ја освои наградата за најдобра поп песна на „Охрид фест“

Младиот Стефан Спироски од Струга веќе подолго време се занимава со музика од својата најмала возраст има снимено неколку преработки и свои авторски песни.

Стефан настапи на 31-то издание на „Охрид фест“ со песната „Љубов моја” со која ја освои наградата за најдобра поп песна на фестивалот.

Автор на музиката е Григор Копров, а на текстот Огнен Неделковски. За аражманот е заслужен Димче Китрозоски а гитарите во аражманот ги свири Александар Петрески Стефан исто така имаше и одличен сценски настап за кој се заслужни Студио За Танц БАХ од Струга.

Песната ќе излезе и на хрватски јазик, а за текстот е заслужна познатата Антонија Шола. Од Стефан исто така дознаваме дека му е снимена и друга авторска песна со многу посебно значење последната композиција која Кире Костов ја напиша пред да почине за Стефан.

 

Scroll to Top