(Видео) Стоечки овации и долг аплауз за Влатко Стефановски и „Танец“ во Загреб

Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски и ансамблот на народни песни и ора „Танец“ одржаа концерт во Загреб во салата „Ватрослав Лисински“.

Концертот на Стефановски беше поздравен со стоечки овации, долги аплаузи и враќање на бис. Безвременските народни ора и песни отпеани од хорот на „Танец“ и отсвирени од гитарата на Стефановски предизвикаа воодушевување пред присутната публика.

Стефановски и „Танец“ беа придружувани од македонскиот инструменталист и автор Дамир Имери.

Публиката на концертот пееше како во хор, а изведбата на македонскиот фолклор предизвикаа и солзи во публика. Двата македонски бренда споени на едно место направија голем сценски спектакл среде Загреб.

На концертот беа изведени антологиските ора „Пелистерско“, „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Степупано“, „Калајџско“, „Пајдушко“, како и „Елена, ќерко“, „Јано, мори“ во нови аранжмани на Дамир Имери.

Публиката со овации и аплауз го пречека настапот на зурлаџиите на „Танец“, Ирфан Мамути и Џељо Дестановски, заедно со виртуозните оркестранти во Сплетот песни на уметничкиот раководител на оркестарот Дарко Илиевски.

Солистката на „Танец“, Габриела Новевска ја отпеа и македонската песната „Зајди, зајди“, која беше проследена со големо внимание.

Влатко Стефановски и „Танец“ одржаа концерт и во Белград во „Коларчевата задужбина“ во Белград пред преполна сала.

Фото: Танец Фејсбук

Scroll to Top