(Видео) Стоечки овации за Симон Трпчески во Сан Диего, маестро ја крена на нозе американската публика

Виртуозот на пијано, маестро Симон Трпчески, ја крена на нозе американската публика. Тој одржа концерт во Сан Диего, Калифорнија кој заврши со стоечки овации. Видеото од настапот Симон го сподели на Фејсбук.

„Стоечки овации по Концертот за пијано на Чајковски бр.1 со симфонискиот оркестар на Сан Диего и маестро Едо де Варт, во прекрасната ‘Рејди Шел’ во паркот Џејкобс, Сан Диего“, напиша Трпчески.

Симон во моментов е на концертна турнеја која ја прекина лани поради пандемијата.

Scroll to Top