(Видео) Стотици луѓе ја пречекаа Славица Ангелова на плоштадот во Струмица, пејачката им ја испеа „Бато“ од Калиопи

Победничката на „Гранд“, Славица Ангелова вечерва беше пречекана од стотици граѓани на градскиот плоштад во Струмица. Со неа беше и нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид. Победничката на „Гранд“ на сцена ја испеа песната „Бато“ од Калиопи и „Као птица на мом длану“ од групата „Пилоти“.

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов рече: Победата на секој струмичанец, е победа на градот, местото од кај што извираат таленти, една од тие е Славица Ангелова која го освои првото место на балканското музичко шоу ‘Ѕвездите на гранд’“.

За потсетување, Славица победи во финалето на „Ѕвездите на Гранд“. Настапи со песната „Угаси ме“ од Парни Ваљак, со која ги освои и публиката и жирито. Со 88367 гласови се најде пред второпласираниот Драган Ѓуриќ чиј ментор беше Цеца и кој освои 71.747 од гласовите.

Славица беше единствената од Македонија која се пласира во финалето под менторство на Ѓорѓе Давид.

 

[/video]
[/video]
Scroll to Top