(Видео) „Суперхикс“ го најави албумот со нова песна

Еден од најпопуларните македонски бендови „Суперхикс“ ја објави песната „Добар човек“. Ова е втора песна од новиот албум што го најавија пред неколку месеци, а кој ќе биде нивни прв по пет години. За песната направија анимиран спот кој го изработија Александар Несторовски и Меланија Димоска.

„Сакаме да упатиме апел и предлог до Министерството за здравство и сите останати релевантни установи да се субвенционираат сите антидепресиви и релаксирачко/смирувачки медикаменти. Македонија е рекордер по сите параметри за користење на антидепресиви и седативи по глава на жител па со ова значително би им се олеснило на корисниците а за жал ги има илјадници“, велат Суперхикс во најавата.

Песната е снимена во студио „ТРА ЛА ЛА“ на Мите Димовски, а музиката, текстот и аранжманот се на „Суперхикс“.

Претходниот сингл „Крута“, „Суперхикс“ го објавија пред пет месеци.

Scroll to Top