(Видео) Суперхикс најавија настап на Вино Скоп: 2 часа журка по цели 3 години пауза во Скопје

Со видео атмосфера од  песната „Крута“  Суперхикс го најавија настапот на Вино Скоп, кој ќе се случи на 6 мај, во петок на плоштадот Македонија.

„Минатата година на мини турнејата која ја имаа Суперхикс, за првпат отсвиреа нова песна која ќе се најде на следниот албум. Насловена е “Крута”. Ве чекаме на Вино Скоп на 6 Мај, овој Петок, да ја слушнете во живо како и уште неколку нови песни. 2 часа журка по цели 3 години пауза во Скопје!!!“, напишаа Суперхикс.

Scroll to Top