(Видео) Супермоделите од 90-тите во новата серија откриваат како е зад модната писта

Во документарецот на „Епл ТВ плус“ ќе учествуваат славните супермодели Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Еванѓелиста и Кристи Тарлингтон. Режисерка на филмот е Барбара Копл, а продуценти се Брајан Грезер и Рон Хауард. Премиерата е 20 октомври.

– Моите сестри Кристи, Линда, Синди и јас сме воодушевени што можеме да ја споделиме нашата приказна со светот. Нема подобри луѓе од Брајан Грисер и Рон Хауард кои би ја оживеале нашата приказна, бидејќи знаеме дека тие ќе ја почитуваат, изјави Наоми во една прилика.

Денес четирите супермодели остануваат во првите редови на културата преку својот активизам, филантропија и деловна моќ. 
Scroll to Top