(Видео) Сузана Турунџиева дојде кај Атиџе за да ја отпеат „Македонско девојче“

Пејачката и водителка Сузана Турунџиева, заедно со помалата ќерка Матеа, ја посети Атиџе од „Медена земја“. Тие дојдоа во Бекирлија, каде што се дружеа со Атиџе. Тие и заедно запеаја, а видеото Сузана го објави и на социјалните мрежи.

„Не престанавме 2020 да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е, па, за мене 2020 е годината што (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од се е пријателството со Атиџе – жената што ја испрати најсилната порака во светот и херојка, која во целост ја промени мојата диоптрија за животот. Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам. Ова е еден од нив. Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат. Му благодарам на животот што ми даде можност да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме.Ти благодарам, животе“, вели Турунџиева за средбата со Атиџе.

Scroll to Top