(Видео) Светските диџеи воодушевени од новата музика на Галоски

Македонскиот диџеј и продуцент со светска кариера, Галоски, ја промовира својата најнова песна Casualty за која доби поддршка од некои од најдобрите светски диџеи – Мартин Герикс, Афроџек, Оливер Хелденс, Бинго плејерс и други, кои ја пофалија новата песна на Галоски. Таа веќе е во топ-3 највртени песни на 1001 tracklists.

Casualty e направена во соработка со композиторите и текстописци од годинешната евровизиска песна на Ирска, a е објавена под етикетата на издавачката куќа Chill Your Mind, која има над милион следбеници на дигиталните платформи.

За потсетување, Галоски минатиот месец ја издаде Stay Focused, која беше емитувана премиерно на радиото на најголемиот светски фестивал на електронска музика Тomorrowland, One World Radio.

Изданијата на Галоски важат како наjподдржани и највртени за овој дел од Европа, одобрени од глобалните музички ѕвезди, како Дејвид Гета, Тиесто, Стив Аоки, Бени Бенаси и многу други.

Scroll to Top