(Видео) Таче на попуст му купи чоколадце на шефот од кабинет за да го издржи денот

Премиерот Димитар Ковачевски денеска излезе да пазари во маркет, а со тоа и да ги провери цените на млекото, млечните производи и тестените.

Тој направи сметка од 526 денари, а испазари две пакетчиња макарони, а покрај сирењето, си купи и урда.

Кога пријде до касата за да плати, ја праша касиерката „како оди работата“, па искоментира дека минатиот пат бил во комшии каде што живее, а денес се одлучил за посети друга локација.

Касиерката професионално до крај си ја обави работата. Праша дали премиерот има „Рамстор картичка“, на што премиерот рече дека има ама не е во него, оти неговата ќерка почесто купува, па останала кај неа.

Додека касиерката враќаше кусур, го понуди премиерот со производите кои во моментот се наоѓаа на акција, како протеински барови. На што премиерот Ковачевски се пошегува и рече: „На шефот од кабинет ќе му го дадеме тоа да го издржи денот“.

 

Scroll to Top