(Видео) Тајното место на Тоше ја раскажа љубовта, ги оживеа сеќавањата

Завчера беше промовиран спотот на починатата поп-ѕвезда Тоше Проески, „Тајно место“ (Secret Place). Кадрите се снимени во неговото родно место Крушево, а видеото буди емоции за љубовта и сеќавањата на Тоше.

„Бидете силни во секој поглед, најголема е борбата со самиот себе“ е цитатот со кој почнува спотот, во кој е прикажан дела од животот и тајното место каде поп-пејачот го наоѓал мирот

„Гласов гушка и прави да се чувствуваш безбедно. Фалиш. Убава песна, слична на претходните, очигледно вредно и напроно се работело на кариерата и надвор од Балканот. Незаменлив. И по 100 години пак ќе биде најдобар“, се само дел од коментарите на обожавателите на непрежалениот Тоше.

На новиот албум работеше Енди Рајт, британскиот продуцент, кој на концертот се обрати и истакна дека Тоше доколку денес би бил со нас ќе беше голема светска ѕвезда.

Во салата ВИП „Борис Трајковски“ на 2 ноември беше одржан хуманитарниот концерт во чест на Тоше Проески. На концертот неговите колеги од Македонија и регионот ги пееја неговите без временски хитови.

„Лагала нас мала, „Тајно моја“, „Једина“, „Чија си“, „Никој како тебе не бакнува“ се дел од песните од новиот постхуман албум. На концертот беше промовирана и насловната песна  „Тајно место“ (Secret place) од новиот необјавен албум на Тоше.

Scroll to Top