(Видео) Тамара и пејачите од регионот снимија песна за сите оние што ги преживеаја тешките последици од пандемијата

Со името „О2“, пејачката Тамара Тодевска заедно со своите колеги од регионот – Лена Ковачевиќ, Ивана Петерс, Марко Луис, Сашка Јанкс и Игор Симиќ, ја отпеаа песната „Вдиши“ („Удахни“). Песната има порака да ја истакне потребата за солидарност меѓу луѓето.

Автори на песната се Владимир Даниловиќ и Немања Филиповиќ.

„Песната, всушност, има неколку цели, од кои главните се подигање на свеста за важноста на зачувување на животната средина, борба против загадувањето, но и многу важна порака за поддршка за сите оние што преживеале или сè уште ги преживуваат тешките последици од пандемијата. Моќта е во наши раце, ние треба да ја користиме за ширење позитивна енергија и подигнување на свеста за теми што имаат значајно влијание врз квалитетот на животот на сите нас“, велат организаторите од Magic records.

Scroll to Top