(Видео) Тамара во новата кампања на Европската Унија

Тамара Тодевска е дел од најновата кампања на Европската Унија наречена „Европејците кои прават разлика“.

Кампањата има цел да им ги претстави на граѓаните на Европската Унија иновативните и талентирате жени од Западен Балкан.

Освен Тамара, во оваа кампања свое претставување имаат и Маја Раишевиќ од Црна Гора, Селма Продановиќ од Босна и Херцеговина, Детина и Аргита Зали од Албанија и Наташа Ковашевиќ од Србија. Како дел од кампањата, Тамара ќе има и свој настап во Брисел на 5 март.

Инаку, на минатогодишната Евровизија во Израел, Тамара ги сруши сите рекорди на сите евровизиски претставници од Македонија. Таа го постигна најдобриот резултат на земјава во финалето и полуфиналето, најдобриот пласман досега и беше првиот победеник од жирито од Балканот.

Scroll to Top