(Видео) Тарабунов и Тамара имаат дует, спотот журка како од 80 -тите и песна со диско фанк ритам

Александар Тарабунов има нова песна во дует со Тамара Тодевска „Само ти ми фалиш“. Песната е во диско фанк ритам.

dobivaj vesti na viber

За песната  снимен е и спот во кој танчерките, придружните вокали , бендот  и Тарабунов се облечени како во 70 -тите. Спотот е снимен во Младинскиот културен центар,  а режисер е Зоран Зонде Стојановски.

Иако Тамара Тодевска пее дел од рефренот со Тарабунов, таа не се појавува во спотот.

Музиката и аранжманот се на Тара и Роберт Билбилов,  додека текстот е на Зоран Зонде Стојановски и Тарабунов.

Во спотот на гитара се појавува Роберт Билбилов,  а како бек вокали Калина Велковска,Полина Тасева, Христина Јовановска и Лаура Крлиу.

Танчери во спотот се Илија Карадакоски, Тања Соколовска,Ивана Ристевска, Калина Трајковска,АНа Павловка, Ања Илиќ, Ивана Спасовска и други.

 

Scroll to Top