(Видео) Тажно диско: Билбилов и Џамбазов имаат хит

Македонскиот пејач и композитор Роберт Билбилов во соработка со Игор Џамбазов ја промовираа новата песна „Тажно диско“.

По само две недели откако промовираше песна со Тамара, Билбилов повторно ја изненади јавноста со нова песна.

Музиката и арнжманот се на Билбилов, а текстот е на Џамбазов.

„Каков текст, а дечки?“, се пофали Џамбазов на „Фејсбук“.

Билбилов пред две недели ја промовираше песната со Тамара Тодевска „Светот е“.

Scroll to Top