(Видео) Топол дом и прегратка во „Новогодишната“ за децата од улица

Кампањата  на„Проект среќа” за  топол дом за сите  официјално почна на 19 декември, со промоција на песната и спотот чии автор е  Бојан Трајковски од „Ај Кју“, а е снимена во студиото Габроски. Во спотот учествуваат многу јавни личности, Кристина Арнаудова, Биба Додева, Дани, Дарио, Ѓоко Танески, „Ај Кју“, Лина Пејоска, Сара Мејс, Ване Марковски, Димитар Атанасовски, Сашко Коцев. Во спотот и песната главни ѕвезди се децата од Дневниот центар за деца од улица „Шуто Оризари” и Фаик, кој ја има и главната улога во спотот. Видеото го изработи Дарио Јанковиќ.

Топол дом за сите и реконструкција на живеалишта за семејства со деца, кои се во социјален ризик и нехумани животни услови е целта на новогодишната хуманитарна кампања создадена од Здружението за хумано-општествен развој „Проект среќа”. Кампањата се состои од донаторски броеви и наменска сметка на кои граѓаните и компаниите ќе може да донираат, голем донаторски Телетон и песна со видеоспот за дополнителна промоција на кампањата. Со собраните средства ќе бидат реновирани живеалишта на семејства со деца кои се избрани по приоритетност, со фокус на руралните средини низ целата држава.

 

Scroll to Top