Поранешниот градоначалник на Скопје и бизнисмен Трифун Костовски денес слави роденден. Полни 75 години. Роден е во Скопје во познатото Ново Маало. Се пофали на социјалните мрежи дека денес е славеник, па на свој оригинален начин со песната „Среќен роденден“, која Мерилин му ја испеа на Кенеди, сам си го честита роденденот.
„На денешен ден пред точно 75 години дојдов на овој прекрасен свет во моето скопско Ново Маало, блиску до јазот. Скопјани паметат за кој јаз станува збор, со детство поминато на калливите улици, израснат во среќно семејство. Голема благодарност до моите родители и севишниот Господ што ме изградија како човек со силни карактерни црти.
На сите вас, мои пријатели, ви посакувам здравје и убав живот, а ако ме прашате денеска каков подарок сакам, верувајте ми, јас би ја реинкарнирал Мерилин Монро да ми ја отпее песната „Среќен роденден“.
Видеото гледајте го ТУКА.