Џани Алиоски го одигра последниот натпревар за тимот Ал Ахли. Македонскиот фудбалер сезоната ја заврши брзо во Саудиска Арабија, откако од клубот мораа да се ослободат од него поради прекумерниот број странци. Алиоски немаше многу можност да игра со европските ѕвезди како Фирмино и Марез.
Thank you Alioski 💚💚💚💚@ezgjanalioski
pic.twitter.com/876gAtx2Dg— liilO (@liilO_84) August 29, 2023
Македонецот го одигра целиот натпревар во победата против Ал Тае со 2:0, а на крајот кога тренерот го извади во 98 минутаа, доби аплаузи и овации од публиката. Поранешниот играч на Јувентус, Мерих Демирал покажуваше со прст накај него, како потсетување до публиката, кој треба да ги добие аплаузите.
ديميرال طلب من جماهير #الأهلي تشجيع اليوسكي بسبب انها مباراته الأخيرة مع الفريق 💚💚💚 pic.twitter.com/D98xP5H9c6
— AHLI XTRA+ (@AhliXtra) August 29, 2023