Панчо и Андреј од ДНК денес ја промовираа песната „Македонија на Европско“ за да ги бодрат фудбалерите на претстојното првенство што ќе се игра во Романија. Фановите велат дека ова е неофицијална химна за Мрме и фудбалерите.
„Македонија на Европско.Сите сплотени сме заедно.Македонија на Европско, сите дишеме ко едно“, e рефренот од песната во која се појавува цела естрада. Oд Ферус и Наум, преку Ребека, и Кристина Арнаудова. Тука се и Џмбо Агушев, Сузана Спаовска, Пере, Дани, Елена Велевска, Миле Кузмановски, Сашко Коцев , Игор и Илина и многу други. Во видеото, што се снимаше неодамна на арената „Тодор Проески“, се појавуваат и спортистите Кире Лазаров, Перо Антиќ, Александар Љафтов, Никола Ѓоргиев.
„Им посветивме песна на фудбалерите, кои се наши херои. Затоа решивме да направиме и вакво видео, во кое буквално целата естрада првпат е собрана заедно на едно место, во друштво на спортисти, актери… и сите во одлична навивачка атмосфера. И затоа сме им благодарни на сите што имаат свое место во овој видеозапис. Сакаме од срце да им се заблагодариме на сите, особено на фудбалерите, вистински професионалци од прв до последен, вклучувајќи го и селекторот Ангеловски“, велат Панчо и Андреј.
Панчо го напиша текстот за песната, а музиката ја направи заедно со Лазар Цветкоски. Видеото го режира Владимир Митревски – Ѓуле.