(Видео) Цела српска естрада на промоција кај македонскиот пејач Александар Јосифовски во Белград

Цела српска естрада дојде на промоцијата на новата песна на Александар Јосифовски во Белград, поранешен учесник во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

На промоцијата присутни биле бројни колеги од естрадата, но и скоро цела „Гранд продукција“, неговиот ментор Ѓорѓе Давид, Цеца, Саша Поповиќ , Вики Миљковиќ, Ана Бекута, Мили.

Македонскиот пејач кој се прослави со учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, ја помовираше новата песната „Пусти ноќи“. Во спотот за песната се појавув поранешната водителка на популарното музичко шоу Сања Чулибрк која во спотот глуми негова сопруга што го изневерува.

Водителката и е автор на еден дел од текстот на песната, додека композитор е Григор Копров.

https://www.youtube.com/watch?v=M2c-wM_DDkw

 

Scroll to Top