Македонскиот пејач Дарко Ѓорѓески (23), кој живее во Грац, Австрија, имаше одличен настап во „Ѕвездите на Гранд“. Тој ги испеа „Живим да те волим“ од Саша Ковачевиќ и „Хитно“ од Адил, па доби пет гласа и можност да пее во следниот круг. Дарко кажа дека е аматер кој само сака да пее и никогаш претходно не пеел јавно, а не се натпреварувал ни во музичко шоу.
Ѓорѓески побара Марија Шерифовиќ да му биде ментор, но таа го одби.
„Пееш сериозно или си потпевнуваш за себе? Интересно ми е само тоа што ти досега никаде се немаш натпреварувано, но начинот на кој пееше за мене е малку мек. И се гледа дека тоа е новонастанатиот начин на пеење, а поприлично и неточно. Јас имам многу кандидати. Не знам.. ама не, извини, не“, рече таа, по што Дарко ја избра Цеца.
„Па и Цеца има многу кандидати, ама таа е добар човек, а јас сум ѓубре“, додаде Марија.
„Мој си“, му одговори Ражнатовиќ.
Додека Дарко пееше, Цеца беше воодушевена од него и му го даде првиот глас. Потоа, со Ѓорѓе Давид таа цело време коментираше дека Дарко е сигурно аматер, ама дека не е свесен колку е добар и што сè може да направи со својот глас.
Настапот на Дарко почнува на 1:58:17.