Лиде Лиде, дамата што стана позната по пресовите на бившиот министер за здравство, Венко Филипче, објави нова песна „Незапирлива“. Во спотот рапува со полицајци, кои ја притворија во станица.
„Пуштете ме дома, идиоти, пуштете ме“, пее Лиде Лиде.
За потсетување, Лидија Гиновска позната и како Лиде Лиде, се прослави по пресовите на бившиот министер за здравство, на кој му оставеше коментари колку е заљубена во него.
За „Репортер“ ни рече дека целата работа почнала како забава за да си направи да ѝ е интересно, но на крајот ѝ донело проблеми на работа во фирмата за обезбедување во која работела. Се соочила со мобинг, а шефовите ѝ забраниле јавно да праќа пораки.
„Еден од нив ми рече: ‘Јас ќе се погрижам да не останеш овде’ и по некое време, поради притисоците, си дадов отказ“, ни рече Лиде Лиде.