Македонскиот топ-модел Катарена Ивановска е дел од кампањата на УНИЦЕФ во земјава за подигање на јавната свест дека вакцинацијата е најдобрата мерка против заразни болести. Катарина во видеото вели дека некои работи никогаш не излегуваат од мода. Таа кажува дека е вакцинирана но и дека редовно го вакцинира својот син Вања, кој сега ќе наполни една година. Видеото е промотивно и е направено во рамки на европската Недела на имунизацијата.