(Видео) Викторија Лоба е најсигурна на скии

Пејачката Викторија Лоба е голем љубител на зимата, а тоа го покажа и на социјалните мрежи каде објави фотографии и видео од нејзиниот одмор. Со оглед на тоа што сезоната на скијање е во ек, Лоба го искористи убавото време да избега малку од загаденото Скопје на чист планински воздух.

Пејачката минатата година за Репортер изјави дека уште кога пред 15 години од Русија дошла да живее во Македонија, со себе ги понела руската зима и снегот за кои вели дека и денес ѝ се во сеќавање.

Новогодишните празници, пак, ги памети по маскенбалите и дедомразовците што шетаат по снежните руски улици. Но, нејзиниот живот сега е овде.

Лоба во декември минатата година го промовираше  својот прв студиски албум  “Нов свет“. Најголема поддрша ѝ беше нејзиниот дечко Ѓорѓи, со кого одамна е во љубовна врска.

 

View this post on Instagram

 

Памук ⛅️

A post shared by ᐯIᑕTOᖇIᗩ ᒪOᗷᗩ ♥️ (@victorialoba) on

Scroll to Top