(Видео) Влатко Стефановски го најави новиот албум со песната „Огледало“

Влатко Стефановски ја промовираше песната „Огледало”, првата од новиот албум Taftalidze Ѕhuffle, кој ќе излезе во продажба на 20 ноември. Издавач на албумот е „Кроација рекордс“. Влатко ги направи музиката, текстот и аранжманот за оваа песна.

Албумот го доби името по населбата Тафталиџе, во која Влатко живее со своето семејство од дете. Таму се наоѓа и неговото студио „Езотерија“, каде што е снимен албумот.

Scroll to Top