(ВИДЕО) Внукот на Ферус Мустафов го објави последното оро снимено со него и со татко му Илми Мустафов: Сите неодговорени прашања ги има во оваа мелодија

Ферчо Мустафов, внукот на кралот на саксафонот, Ферус Мустафов, го објави заедничкото оро кое го снимил со неговиот дедо и татко му Илми Мустафов пред една година за кое не доживеаја да снимат видеоспот.

Музичкиот проект носи наслов „Спомен“, а Ферчо Мустафов изминатите месеци го снимаше спотот во соседна Србија. Во кадрите се појавуваат и нивни заеднички фотографии направени од телевизиски гостувања.

„Најскапоцено нешто што останува како највреден спомен со вас мои кралеви. Секој момент поминат заедно, сите неодговорени прашања и недокажани нешта ги има во оваа мелодија“, стои во објавата на социјалните мрежи на внукот.

Ферус Мустафов почина на 22 мај, годинава, по кратко боледување, а само три месеци потоа, на 15 август почина и неговиот син Илми Мустафов.

Нивниот наследник, Ферчо Мустафов, живее и работи во Србија, каде соработува со најпознатите тамошни музички ѕвезди, и прераснува во еден од најбараните дувачи на овие простори.

Scroll to Top