Кристијан Ристески, внукот на починатата поп-ѕвезда Тоше Проески, денеска ја објави целосната верзија од песната We are blood со која ја почнува својата музичка кариера. Кристијан песната премиерно ќе ја изведе в петок, во ВИП-арената „Борис Трајковски“, кога ќе се одржи концертот во чест Тоше на кој ќе пеат домашни и регионални пејачи, а ќе биде промовиран и неговиот албум Secret place.